На идните железнички приоди до Кримскиот мост археолозите пронајдоа остатоци на праисториски кит

most.life

Скелет на праисториски кит е пронајден во текот на археолошките истражувања кои претходеа на изградбата на железничкиот приод до Кримскиот мост, соопшти информативниот центар „Кримски мост”.

Научниците пронајдоа на Керченскиот полуостров скаменети фрагменти од скелет на цицач, ’рбетен столб и ребра кои во геолошките слоеви лежеле околу десет милиони години. Скаменетите остатоци се наоѓаа на длабочина од околу еден метар. Палеонтолозите претпоставуваат дека припаѓаат на родот Cetotherium, праисториски кит, предок на современите остроклуни китови, кои се долги преку 30 метри.

Како што тврдат стручњаците, во раните стадиуми на развојот овие цицачи биле помали. Должината на древниот кит достигнувала речиси пет метри, а живеел во Сарматското море кое се наоѓало и на просторот на современиот Керченски полуостров. Со текот на времето на тој простор се формирало копно. Дошло до подигање на геолошките слоеви и костурот на китот кој претходно бил на дното сега се нашол на возвишување, објаснуваат научниците.

Коските на черепот не се сочувани, но затоа е зачуван ’рбетниот столб од градната коска до коската на опашката. Може сигурно да се тврди дека сите делови припаѓаат на ист примерок, сметаат стручњаците. Како што наведуваат тие, ваквите откритија се многу ретки, а даваат можност остатоците на животните од минатото да се проучат многу коректно и да се добијат корисни информации за градбата на древните организми. Научниците ги проучуваат фрагментите на скелетот за да ги подготват за изложба во Музејот на Крим.

Прочитајте повеќе: На Крим пронајдена античка гробница украсена со релјеф со ликот на Херакле

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња