„На античките гробишта Киз-Аул пронајдовме голема гробница, куп тела, буквално фрлени едно врз друго“, вели директорот за развој на фондацијата „Археологија“ Олег Марков „Некои од труповите лежат во неприродни пози.
Еден како да се обидува да си ја покрие главата со рацете. Соработниците кои го чистеа неговиот скелет добија впечаток дека е закопан жив и дека се обидувал пред смртта да си го заштити лицето. Најдовме повеќе од десет такви тела, а тоа е само мал дел од гробницата.“
Марков претпоставува дека се работи за жртви на голем колеж или некаква епидемија.
„Телата едноставно ги фрлале на куп. Не е користен никаков погребен инвентар. Едно е јасно, откривме уште една трагична страница на раниот среден век на Крим“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче