Како изгледаше Русија 1984 година (ФОТОГРАФИИ)

Виктор Цој (во средина), група „Кино“

Виктор Цој (во средина), група „Кино“

Joanna Stingray/Getty Images
До перестројката имаше уште неколку години, но во Советскиот Сојуз веќе на големо дува „ветрот на промени“. Нов лидер на чело на државата, нова конфронтација во Студената војна, нова игра наречена тетрис... По што друго ја паметат оваа година во Русија?

Во февруари 1984 година почина Јуриј Андропов, наследникот на Леонид Брежњев. Тој беше на чело на советскиот државен апарат само 15 месеци. Пред тоа околу петнаесет години раководеше со КГБ. Некои сметаат дека тој беше ригорозен бирократ, а други дека беше либерал кој ќе го спасеше Советскиот Сојуз од распад само да имаше доволно време. Еве каков беше Јуриј Андропов.

На погребот дојдоа многу странски достоинственици. Меѓу нив Фидел и Раул Кастро.

Пристигна и американска делегација, предводена од тогашниот потпретседател на САД Џорџ Буш Постариот.

За нов генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на СССР беше избран Константин Черненко.

„Мои американски сограѓани, драго ми е што можам да ве информирам дека денеска потпишав документ со кој Русија засекогаш е ставена надвор од законот. Ќе започнеме со бомбардирање за пет минути“, изјави американскиот претседател Роналд Реган пред неговото редовно обраќање до нацијата преку радио. Оваа „шега“ не беше емитувана, меѓутоа беше снимена и протече во јавноста, предизвикувајќи вознемиреност кај советските воени и државни функционери.

Снимка од Парадата на Победата на 9 мај на Црвениот плоштад.  

Првомајскиот митинг таа 1984 година. 

И децата му се радуваат на празникот на пролетта и трудот.

Прослава на годишнината на Октомвриската револуција.

Рускиот програмер Алексеј Пажитнов на 6 јуни 1984 година го претстави својот Тетрис, една од трите најпопуларни видео-игри на сите времиња. Сé што треба да знаете за култната видео-игра ќе најдете во нашиот ТЕКСТ. На фотографијата е една од првите верзии на Тетрис. 

Завршена е изградбата на Бајкалско-амурската магистрала, започната пред точно 10 години. 

Една (обична) глетка во Ленинград. 

Утринска редица пред Сандуновската парна бања во Москва, познатата бања што ја посетувале Толстој и Чехов. 

Посетители на Третјаковската галерија ја разгледуваат Донската икона на Пресвета Богородица.

Данилов манастир, последниот манастир затворен во Москва (1929 година), беше и првиот кој во 1983 година ѝ беше вратен на Московската Патријаршија и стана духовен и административен центар на Руската православна црква. Обновата на манастирот траеше до 1988 година.  

Прослава на Масленица. 

Прошетки по Москва. 

Балерина на Театарот за опера и балет во Воронеж чита весник пред настап.  

Војници користат слободен викенд на улиците на Казањ. 

Додека други поминуваат проверка на физичките способности. 

А трети се посветени на рокенролот. На првата фотографија е групата „Кино“ и легендарниот Виктор Цој. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња