„Црвени камења“ - кланец со вонземски изглед со ледени водопади на Крајниот север на Русија

Павел Кузмичев
Кланецот наречен Црвени камења се наоѓа на само 6 километри од поларниот индустриски град Норилск. Тоа е едно од најпопуларните места за излет во природа за жителите на градот, бидејќи до него лесно се стигнува дури и пеш. На тоа место се одржуваат и алпинистички тренинзи.

Релјефот на ова место изгледа импресивно. Кланецот го формираат две планини високи околу 600 метри, а по обликот наликува на потковица. Во пукнатините на карпите се забележуваат вулкански минерали кои на кланецот му даваат црвено-кафена боја. Пејзажот изгледа како сцена од друга планета.

Локалните водичи го опишуваат кланецот Црвени камења како „порта до висорамнината Путорана“. Имено, тој се смета за дел од планинскиот масив Харајелах, кој се протега сè до висорамнината. На евенкиски јазик името на масивот значи „Смрчин камен“. Како на висорамнината, така и овде можете да видите планини со тапи врвови, огромни слоеви мраз на езерата, кои остануваат дури и лете, и високи водопади.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња