„За нас денеска сé беше ново. Секои десет секунди носеа нешто свое, ново. Штотуку се сретнавме со сите кои овде, на МВС, се наоѓаат одамна. Сега ќе се запознаеме. И понатаму мислам дека сонувам“, рече актерката.
Режисерот Клим Шипенко, кој исто така се наоѓа на МВС, додаде дека сé што се случило било за нив „пријатен шок“.
„Мислам дека со тек на време ќе станеме свесни каде се наоѓаме“, напиша тој.
На 5 октомври ракетата „Сојуз-2.1а“ со бродот „Сојуз МС-19“, во кој се наоѓаа актерката Јулија Пересиљд и режисерот Клим Шипенко, полета од платформата „Восток“ на космодромот „Бајконур“.
Бродот не успеа автоматски да се спои со МВС, така што спојувањето во рачен режим го изврши капетанот на бродот Антон Шкаплеров.
Околу 18:00 по московско време екипажот пристигна на Меѓународната вселенска станица, каде актерката и режисерот ќе снимат сцени за играниот филм „Предизвик“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче