Сериозен таксист и човек од советски ков, Иван Шликов за време на едно возење го запознава Алексеј Селиверстов, несреќен саксофонист кој свири блуз. Кога ќе пристигнат на дестинацијата музичарот го измамува Иван и бега, без да плати за возењето. Таксистот тргнува по него, но наскоро сфаќа дека освен саксофонот Алексеј нема ништо друго и го поканува во својот стан. Така започнува пријателството на многу различни луѓе, кои и не насетуваат до што води.
Низ филмот се провлекува темата на транзицијата во Русија, кога Советскиот Сојуз веќе беше на работ на распад [СССР официјално се распадна една година подоцна, но процесот веќе беше во тек], и кога никој не знаеше како да живее понатаму. Филмот зборува за човекот од стар ков и либералот кој чека промени – исто како што многумина ги чекаа во тоа време.
Погледнете го филмот овде
Семејството на командантот на дивизија Сергеј Котов ужива во летниот одмор во својата викендичка. Дејствието се случува во 1936 година, непосредно пред масовните репресии да го достигнат својот врв. Котови успеале да го зачуваат начинот на живот од пред револуцијата и се надеваат дека ќе остане така засекогаш. Меѓутоа, нивната идила се руши кога на прагот ќе им се појави неканет гостин...
Режисерот Никита Михалков преку примерот на едно семејство интелектуалци успеа да покаже како репресиите на Сталин уништувале човечки животи. Овој филм за советскиот тоталитаризам во 1995 година ја доби наградата Оскар за „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ и освои многу други меѓународни награди.
Погледнете го филмот овде
Главниот лик, Финецот по име Рајво, ги проучува руските обичаи и традиции за подоцна да напише книга за нив. Тој го замолува својот пријател Жења да му помогне и да организира учество во лов. Заедно собираат друштво од руски ловци и одат во шумата. Меѓутоа, како што минува времето, Рајво сфаќа дека за Русинот самиот процес на лов воопшто не е на прво место. Наскоро, сѐ што се случува околу него целосно ја губи својата смисла.
Филмот користи стереотипи за руските страсти кон вотката, „бањата“ (парната бања), мечките и сето останато „од списокот“. Меѓутоа, зад гротескните ситуации се крие длабока алузија на руското општество. Многу критичари го нарекоа филмот „портрет на националната душа“.
Погледнете го филмот овде
Во Јакутија е пронајден огромен дијамант. Толку голем што не само што може да го покрие надворешниот долг на земјата, туку и да им овозможи на сите жители на Русија тригодишен одмор на Канарските острови. И, се разбира, секој би сакал да се докопа до такво богатство. Тоа му поаѓа од рака на вештиот и препреден крадец Василиј Кроликов, и сите околу него, од владата до мафијата, тргнуваат во потера по него.
Како и многу филмови од 1990-тите, и овој прикажува портрет на една епоха: кризата на моќта, кризата во спроведување на законот, кризата на вкусот и погледот на светот. Сценаристот на филмот Виталиј Москаленко ја опиша филозофијата на оваа реализација на следниов начин: „Капитализмот е весела работа... Ако успееш да преживееш“.
Погледнете го филмот овде
За време на Кавкаската војна во XIX век Абдул Мурат, жител на зафрлено чеченско село, ги заробува заставникот Саша и војникот Жилин. Оковани со истиот синџир, тие подобро се запознаваат, а кога Абдул Мурат ќе им понуди слобода во замена за неговиот син кој Русите го држат во заробеништво, во нив се буди надежта за спас.
Филмот за преживувањето во услови на национален конфликт е екранска адаптација на истоимениот расказ на Лав Толстој. Беше номиниран за Оскар во 1997 година во категоријата „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“.
Погледнете го филмот овде
Данила Багров се враќа од Чеченската војна и веднаш е замешан во тепачка на снимањето на спот на рок-група. Го носат во полициска станица и му се закануваат дека ќе го вметнат во нивната евиденција доколку не најде работа. Мајка му се лути, го кара и, за да не дојде до слични ситуации во иднина, го праќа во Санкт Петербург кај неговиот постар брат Виктор на „превоспитување“. Таму Данила сфаќа дека неговиот брат станал криминалец и тргнува по неговите стапки.
Филмот на Алексеј Балабанов за човек кој по војна не може да се интегрира во општеството и повторно се фаќа за оружје имаше огромно влијание врз културата на рускиот говорен ареал. Тоа е култен филм за последиците што ги остава војната врз оние што се вратиле од неа.
Погледнете го филмот овде
Во провинциско приморско гратче на свадбена веселба упаѓа криминалецот наречен Турист. Тој ја малтретира невестата и за возврат добива удар во главата од младоженецот. Полицијата заедно со бандитите одлучуваат да го уапси младоженецот, но тој е побрз од нив и бега. Тогаш сите тргнуваат во потера по него - и милицијата, и бандитите, и роднините.
Оваа комедија стана за љубителите на филмот од 1990-тите потсмешлив приказ на епохата на бандитската романтика, каде мафијаши со оружје слободно талкааат по улиците, а наркоманијата веќе не е само егзотика на странските филмови. „Не грижи се, мамо“ вешто ги руши сите советски митови за чие создавање требаше повеќе време отколку за нивниот конечен колапс.
Погледнете го филмот овде
Сопственикот на ателје Јохан фотографира обични портрети, меѓутоа, никој не знае дека тој тајно прави еротски фотографии со садомазохистички сцени. Не можејќи да ги задржи своите креативни нагони, тој постепено уништува цели две семејства, ги вовлекува во разврат и ги прави жртви на неговото извитоперено хоби.
Според режисерот Алексеј Балабанов, овој филм требало да се појави многу порано, но поради провокативното дејство било многу тешко да се најдат средства за негова реализација.
Погледнете го филмот овде
Дејствието на филмот се одвива во опкружувањето на генералот на медицинската служба Јуриј Кленски во време кога беше актуелен „случајот на лекарите“ (судски процес со обвинувања за заговор и убиство на познати советски лидери фабрикуван од власта). Советските власти го измислија случајот за да обвинат и апсат лекари, наводно за заговор и убиство на познати советски лидери. Кленски чувствува дека се ближи опасност и бара утеха во коњакот, особено откако во болница ќе се соочи лице в лице со сопствениот двојник. Јуриј знае дека таквите двојници ги користат органите на државната безбедност во измислени судски процеси и му е јасно дека тој ќе биде следната цел во „случајот на лекарите“.
Режисерот Алексеј Герман раскажа како со неговиот филм се обидува да му влезе во трага на потеклото на проблемите во Русија и да го најде одговорот на прашањето зошто Русите се толку несреќни. На Канскиот филмски фестивал каде премиерно беше прикажан, филмот не остави посебни впечатоци и доби остри критики. Меѓутоа, критичарите подоцна се извинија, признавајќи го како еден од големите филмови на деценијата.
Погледнете го филмот овде
Студентката во музичко училиште Катја станува жртва на групно силување. Меѓу престапниците е и синот на полковник на милицијата, чиј татко настојува да се заташка случајот. Не сакајќи да ги остави насилниците неказнети, дедото на Катја Иван Афонин, ветеран на Втората светска војна, решава самиот да ги казни злосторниците и подготвува одмазда.
И покрај огромната популарност, филмот беше подложен на остри критики за романтизирање на одмаздата и земањето на правдата во свои раце. Терминот „Ворошиловски стрелец“ потоа стана синоним за луѓе кои самите извршиле одмазда. А поединци беа директно инспирирани од филмот, како што е еден пензионер во Брјанск, кој во 2007 година пукаше во луѓето кои го претепале. Подоцна призна дека идејата за одмазда му ја дал филмот на Станислав Говорухин.
Погледнете го филмот овде
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче